–За измени во Законот се размислува подолго време но идејата беше пролонгирана поради економската криза. Се надевам дека наредната година ќе бидат направени потребните измени во законот со што ќе биде овозможено и татковците да земаат породилно боледување.-изјави за „Сител“ министерот за труд и социјала, Џелал Бајрами.
Мажот породилното боледување ќе може да го користи од моментот на раѓањето на неговото дете во времетраење до два месеци. Во тој период тие плата ќе земаат преку фондот за здравствено осигурување.
Досега во Макдонија двајцата родители не можеа да користат породилно отсуство заедно.