Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на саемот за туризам „Mitt“ кој од денеска до 21-ви март 2015 година ќе се одржува во Москва, Русија. Оваа престижна саемска манифестација е еден од најголемите туристички настани во Русија, на кој секоја година се презентираат над 200 земји и региони.
Според известувањето кое го има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Саемот за туризам „TUR“ во Гетеборг, Шведска, кој ќе се одржува од утре до 22-ри март 2015 година.
Инаку во текот на изминатито период, ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” ги презентираше нашите туристички можности на саемите во Утрех, Истанбул, Брисел, Софија, Белград и Берлин.
OhridNews














