Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на уште 6 престижни саемски манифестации во текот на наредните месеци од 2016 година.
Според известувањето кое го има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, прв на распоредот за следните саемски претставувања ќе биде саемот „RDA Workshop“, кој ќе се одржува од 5-ти до 7-ми јули во Келн, Германија.
Свој изложбен штанд Македонија ќе има и на Саемот за туризам „IFTM“ во Париз, Франција, кој ќе се одржува од 20-ти до 23-ти септември 2016 година, а македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Саемот за туризам. „Jata“, кој ќе се одржи од 24-ти до 27-ми септември во Токио, Јапонија.
Саемската промоција на Македонија ќе продолжи на Самот за туризам „ТТG Incontri“ кој од 13-ти до 15-ти октомври ќе се одржува во Римини, Италија. Исто така Македонија ќе биде дел и од саемот „World Travel Market“ кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти ноември 2016 година во Лондон, Велика Британија.
Саемските претставувања за оваа година, Македонија ќе ги заврши на Саемот за туризам „TT Warsaw“ кој од 24-ти до 26-ти ноември ќе се одрува во Варшава, Полска.
Инаку во текот на првите три месеци од годинава, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги презентираше нашите туристички можности на саемите во Утрехт, Истанбул, Љубљана, Брисел, Софија, Белград, Берлин, Будимпешта и Москва.
OhridNews