Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на саемот за туризам „ТТG Incontri“ кој од денеска до10-ти октомври ќе се одржува во Римини, Италија.

Оваа престижна саемска манифестација која се одржува по 52-ри пaт е еден од најголемите туристички настани во Италија на кој годинава се очекува да го посетат над 60.000 трговски членови од целиот свет и 1.100 купувачи од 85 земји. Според најавите, на саемот ќе бидат презентирани околу 130 туристички дестинации.

Според распоредот на настани од ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија” за 2015 година, свој изложбен штанд Македонија ќе има и на Саемот за туризам „World Travel Market“ кој ќе се одржи од 2-ри до 5-ти ноември 2015 година во Лондон, Велика Британија.

Инаку во текот на оваа година, Македонија ги презентираше своите туристички можности на саемите во Утрех, Истанбул, Брисел, Софија, Белград, Берлин, Москва, Гетебург, Келн,Токио и Париз.

OhridNews