Македонските туристички потенцијали презентирани во Загреб
28.04.10 15:10
Во престижниот хотел „Антуновиќ“ вчера во Загреб македонските туристички потенцијали беа презентирани пред туроператорите од Хрватска. Презентацијата во организација на нашата амбасада во Загреб и Агенцијата за промоција на туризмот предизвика интерес кај хрватските туроператори и од аспект на тоа да ваква презентација во Хрватска првпат се случува.
Пред околу 30 туроператори беа презентирани туристичките потенцијали но и упатството за субвенционирање за странски туристи. Целокупниот настан беше збогатен со учество на дувачкиот квартет од загребската филхармонија кој изведе стилизирана македонска етно музика, а воедно се дегустираше и нашето вино.
Хрватските туроператори информираа дека секоја година се повеќе туристи од Хрватска патуваат за Македонија, а воедно голем е бројот на регионални патувања преку Црна Гора и Албанија. На презентацијата е договорено е да се организираат ФАМ тури со значајни туроператори од Хрватска да дојдат во Македонија каде на лице место ќе се запознаат со нашите туристички потенцијали.
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Европската макросеизмичка скала вечерва во 22:05 часот го погоди регионот на Призрен, Косово Земјотресот бил со епицентар на 12 километри југоисточно од Пр...
Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за нас, порача министерот за транспорт Александар Николоски од Париз На средба во седиштето на УН...
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор Ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.