Туристичките потенцијали на Македонија во текот на измината седмица биле претставени на Саемот за туризам „Travel Fair“ кој се одржа во Приштина, Косово. Оваа туристичка манифестација која се организира по осми пат, годинава ја посетиле над 15.000 посетители.

Покрај Македонија, својата туристичка понуда на саемот ја претставиле и Албанија, Црна Гора, Хрватска, Грција, Италија и Косово.

-Околу 90-тина егзибитори и коегзибитори ја претставија својата програма, Македонија го разбуди интересот на индивидуалните туристи за познатите туристички локации. Македонската делегација оствари средба со Претседателот на Асоцијацијата за алтернативен туризам, Баки Хоти кој гледа голем потенцијал во креирање на заеднички производ со кој би се претставил регионов на далечните пазари, но и за соработка на различни интернационални проекти за развој на туризмот во двете земји, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија.

За време на саемот, претставници на АППТ се сретнале и со претставници на тур-операторот „EUROKOHA“, со кои се разговарало за вметнување на Македонија во нивниот систем за резервирање и планирање на цело патување.

OhridNews