Македонската ватерполо репрезентација, по три ипол часа на грчката граница каде беше задржана поради името Македонија и кратенката МКД на спортската опрема, замина за Атина каде во вторник треба да го одигра натпреварот со репрезентацијата на Грција. Македонските ватерполисти се пуштени да ја поминат грчката граница само
со опремата на која стои кратенката МКД, додека деловите од опремата на
кои е напишано името Македонија се вратени назад.



Натпреварот со јужниот сосед, Македонија треба да го одигра во вторник со почеток во 17 часот и 30 минути. Станува збор за натпревар од 2.коло во групата 2 од Светската лига. Грција во првото коло загуби на гостувањето кај Русија со 9:6, додека Македонија во Скопје беше поразена со 9:7 од Хрватска.