Иако отпишана, Македонската ватерполо репрезентација обезбеди пласман во четвртфиналето од предолимпискиот турнир во Едмонтон, Канада.

Избраниците на Поповски во последниот меч во групата со 6-4 ја совладаа Германија и се најдоа меѓунајдобрите осум на турнирот.

За противник во четвртфиналето македонските ватерполисти ќе ја имаат или Шпанија или домаќинот Канада, кои што во меѓусебен дуел треба да решат која од овие две селекции ќе го освои првото место во групата Б.

Ohridnews