По повод празникот на жената, 8-ми Март, Државниот завод за статистика изнесе интересни податоци кои се однесуваат на жената во Македонија:

-Од вкупниот број на жители во државата, половина се жени.

– Жените живеат 4 години подолго од мажите. Очекуваното траење на животот на жените е 76.73 години, а на мажите 4 години помалку.

– Просечно, жените стапуваат во брак на 25 години, а своето прво дете го раѓаат на 26 години.

– Во учебната 2010/2011 година од вкупно запишаните студенти на факултетите и високите школи во државата (63250), 33583 се жени, односно 53 %.

– 58 проценти од магистрираните лица се жени. Најголем број од нив, 164 магистрирале на општествени науки.

– Од вкупниот број на докторирани лица во 2010 година, 51 процент се жени и од нив, најголем број својата професија ја вршат во образовната дејност.

– Во однос на користењето компјутер и интернет, јазот меѓу мажите и жените се намалува, односно бројката е речиси изедначена. Од вкупниот број на корисници на компјутер, 49.3 се жени, а од вкупниот број на корисници на интернет 49,2 се жени.

– 40 % од вкупно вработените лица во државата се жени.

– Најголем број од вработените жени, околу 70%, се на возраст од 25 до 49 години.

– 3.4 проценти од вработените жени се работодавци.

– Најголем процент од вработените жени (26.4%) земаат плата од 8 до 12000 денари.

OhridNews