– Согледуваќи ја сегашната состојба на езерото и неможноста поедини служби и установи да се носат со проблемите сметам дека предлогот за формирање на заедничко мешовито билатерално прептпријатие меѓу Р.М и Р.А со можност да се искористат претпристапните фондови на ЕУ е вистинското решение и правиот пат на овај голем и горичлив еколошки проблем со Охридското Езеро, и спас од истребување на ендемичната риба, Охридска Пастрмка, која опстојувала во езерото како ендемична риба повеќе од милион години, вели Наумоски во својот труд.
Според него, доколку се поврати ендемичната пастрмка во Охридското Езеро, капиталот од овој природен басен ќе биде огромен.
– Со формирање на мешовитото друштво ќе се има увид и контрола врз изловувањето и воошто состојбата со рибниот фонд во Охридското Езеро и од македонска и од албанска страна. Без такво претпријатие не можеме да функционираме во насока на заштита на езерото, предупредува Наумоски.
Охридскиот екологист се надева дека идејата и проектот ќе наидат на одличен прием кај спонзорите со цел конечно да се реализира ваквата идеја која тој ја подржува години наназад.