Двата македонски претставници во новоформираната регионална ракометна лига, Металург и Вардар, во првото коло за противници добија клубови од Босна и Херцеговина.


На ждрепката, која се одржа во Белград, одлучи македонскиот шампион Металург на стартот од новоформираната лига на 12 септември во Скопје да ја пречека Босна, додека Вардар ќе гостува во Бања Лука кај Борац.

Во останатите мечеви се среќаваат
Ловќен (Црна Гора) – Тетран (Словачка)
Црвена Ѕвезда (Србија) – Нексе (Хрватска)
Кроација Осигурување (Хрватска) – Партизан (Србија)
Извиѓач (БиХ)-Сутјеска (Црна Гора)


 

На презентација на новата лига присуствуваа бројни функционери од европските и регионалните ракометни сојузи, како би дале до значење на една од најсилните и најатрактивните ракометни лиги во светот.

  „Лигата е основана со јасна цел, да им овозможи на најдобрите клубови од просторот на југоисточна Европа услови за квалитетно натпреварување“, изјави претседателот на СЕХА и прв човек на Хрватскиот ракометен сојуз.


За атрактивноста на новоформираната лига, говори фактот, што Унгарија веднаш пројави интерес да биде вклучена, а за такво нешто размислуваат и ракометните сојузи на Полска, Австрија и Словенија.

“извор Макфакс“
Ohridnews