Македонските преставници Вардар и Металург ќе се сретнат во финалето од ракометната СЕХА лига.

Вардар успеа минимално со 30-29 да го совлада домаќинот Загреб и да закаже меч со македонскиот првак Металург.

Во првото полуфинале македонскиот ракометен првак Металург минимално со 26-25 го совлада
Татран. Најефикасен во редовите на Металург беше Марковиќ со шест гола, Козлина и Алушовски забележаа по пет гола, додека Златко Мојсовски – четири погодоци.

М.П.