Охрид ќе биде домаќин на учесниците во дел од обуките кои ќе се одржат во рамки на проектот професори од мастер-насоката „Одржлив менаџмент во туризам” на германскиот факултет кои заедно со свои партнери од праксата и други експерти ќе презентираат релевантни туристички теми со акцент врз аспектите на одржлив развој и со јасна примена во практичното делување. Освен во Охрид обуките е предвидено да се одржат и во Берлин.

Првиот заеднички проект го нагласува значењето на образованието за одржливи аспекти како основен предуслов за транснационално обликување на идниот соживот. Цел на проектот е обука врз база на соработката, како и размена на искуство во областа на туризмот, туристичката наука и одржливите аспекти. Во текот на проектот кооперационите партнери ќе ги испитаат можностите за формирање на заеднички мастер студии во областа на туризмот. Преку оваа германско-македонска соработка е предвидено во текот на наредните две години да бидат обучени најмалку десет промотери.

За време на посетата на германската делегација предвидено е партнерите да ги дефинираат содржините на тренинг-програмата и нејзиниот временски план. Тежиште на средбата е и формирање на меѓународна мрежа на учесници. За соодветно обликување на програмата согласно интересите на пријавените учесници, на Факултетот за туризам и угостителство на 18 јануари од 10 часот ќе биде одржана работилница, на која учество можат да земат сите заинтересирани правни и индивидуални субјекти.

Германско-македонската тренинг програма и мрежа „Одржлив туризам“ беше иницирана во октомври минатата година, со финансиска поддршка од „Германската сојуз на фондација Животна средина (ДБУ)”, додека образовните институции меморандумот за соработка го потпишаа во јуни 2011 година.

OhridNews