За краток престој во соседната држава, наскоро граѓаните на Македонија и Косово ќе можат да ја поминуваат државната граница со биометриски лични карти. Ова го договорија министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, на денес одржаната средба во Приштина.
На средбата освен договорот за преминување на границата со биометриски лични карти, беше потпишан и договор за отворање на новиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај Белановце-Станчиќ.
OhridNews