Македонско-романскиот бизнис форум ќе се одржи денеска во Охрид. Во рамки на форумот попладне  во општинската зграда во Охрид, претставници на Регионалната стопанска комора на Охрид ќе одржат средба со романската парламентарна делегација предводена од Титус Корлатеан, претседател на Комисијата на Сенатот за надворешна политика.

Романската делегација ќе има и повеќе  деловни средби со  компании од Охрид, Битола, Дебар, Кичево, Ресен и Струга.

OhridNews