Утре во Охрид, во хотел Метропол ќе се оддржи македонско- турски бизнис форум на кој освен македонски учесници, ќе присуствуваат и турски бизнисмени од Комората во Менемен, Измир, Република Турција. Како што е предвидено бизнисмените од Турција ќе остварат контакти со компании од Македонија и лично ќе се запознаат со можностите за соработка помеѓу компаниите од двете земји.

Организаторите потенцираат дека форумот е исклучителна можност за проширување на бизнис мрежата и за размена на искуства помеѓу компаниите од двете земји.

OhridNews