Граничната полиција евидентираше случај на одземање, односно кражба на регистарска табличка во Грција од возило со македонски национални ознаки.
На крајот од минатата недела, на граничниот премин „Богородица“, евидентирана е кражба на предна регистарска табличка од патничко моторно возило марка „ Пасат“ со битолски регистарски ознаки. Кражбата се случила во Солун, а истата не била пријавена во грчката полиција.
Инаку, како што претходно МВР ја информираше јавноста, годинава во два наврати беа регистирани оштетувања на регистарски таблички на возила на македонски граѓани. Во првиот случај на ГП „Богородица“ евидентирано е оштетување на регистарски таблици на патничко моторно возило марка „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, во местото Лефкада, каде со црн спреј била оштетена предната и задната регистарска таблица. Во вториот случај, на патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, му била оштетена со црн спреј предната регистарска таблица и предната десна страна од возилото.
OhridNews