Македонската женска ракометна репрезентација се најде во 4 група заедно со репрезентациите на Франција, Турција и Литванија во квалификациите за Европското Првенство што од 3 до 16 декември 2012 година ќе се одржи во Холандија.

Квалификациите ќе се играт во шест рунди по систем секој со секого дома и гости. Најдобро пласираните две селекции ќе обезедат пласман на континенталниот собир.

Еве го комплетниот распоред:

Група 1 : Германија, Унгарија, Белорусија, Азербејџан.

Група 2 : Романија, Србија, Португалија и квалификант.

Група 3 : Русија, Црна Гора, Полска, квалификант

Група 4 : Франција, Македонија, Турција и Литванија.

Група 5 : Шведска , Австрија, Словенија, Чешка.

Група 6 : Данска, Хрватска, Словенија, Италија.

Група 7 : Шпанија, Украина, Исланд, Швајцарија.

Ohridnews