Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и нејзиниот руски колега, Рашид Нургалиев, денеска во Москва се очекува да го потпишат меѓудржавниот договор за соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и Русија.
Договорот предвидува размена на информации и соработка во спречувањето, идентификацијата, сузбивањето и откривањето на кривични дела.
Јанкулоска од вчера претстојува во тридневна официјална посета на Руската Федерација.












