Македонското литературно друство Григор Прличев во Сиднеј, Австралија ја прослави 33- годишнината од формирањето.

Литературното друштво, пред 33 години е формирано од страна на група македонски ентузијасти, вљубеници во прозата и поезијата.    Душан Ристевски е првиот избран претседател на друштвото, во кое се зачленети десетици вљубеници на убавиот македонски литературен јазик.

Во рамки на активностите на друштвото е и издавањето на списанието Повод, во кое покрај застапеноста на членовите со свои дела, во списанието се објавуваат интересни сознанија од сите сфери на македонското историографско, литературно и културно наследство, а се објавуваат и наградените дела, од традиционалните конкурси за најдобри песни и раскази, за популарната Прличева награда.


Поради покажаните успеси во полето на литература и култура, тоа е  пофалувано и наградувано, како од страна на македонската заедница во Австралија, така и од страна на австралиската јавност. Се уште не добило никакво признание од татковината Македонија.  
 
Улогата на Друштвото е насочена кон одржување и ширење на Македонскиот јазик, литература, култура и историја на австралиските простори.

Друштвото Григор Прличев во својата 33 годишна макотрпна работа има објавено 60-тина списанија Повод, 50-тина збирки песни, драми, раскази, поеми од своите членови, а круна на сето тоа се објавените два зборници на македонски јазик и една антологија на англиски јазик.

Убаво е да спомнеме и тоа дека друштвото Григор Прличев е единствено друштво во светов кое работи самостојно, без ничии патронат. За помошта од Македонија, пак, ни е мошне чудно: Кога немавме своја држава, добивавме повеќе помош од тогашните југо-власти, сега имаме држава, за која го кревавме гласот до небо, но не добиваме никаква помош, велат македонските иселеници, членови на друштвото.

Иван Трпоски- Сиднеј