60 метарски јарбол со македонското знаме ќе биде поставен на граничниот премин Деве Баир.  Објектот е подарок од скопска компанија, која низ државава ги има изработено сите челични јарболи, преку повеќе доделени проекти од Владата – објавува весникот „Вест“.

Овој јарбол ќе биде највисок во регионот, а во моментов на Деве Баир „македонското сонце“ се вее на висина од 30 метри.

Од неодамна, бугарското знаме беше поставено на ваков објект на висина од 45 метри, а од Владата за овој дневен весник, велат дека намерата не била да се натпреваруваат со нашите источни соседи.

Инаку, изминатава недела во повеќе населени места во земјава, беа поставени знамиња како дел од сто годишнината од албанската независност.

OhridNews