Оваа година, по петти пат, на празникот  Богојавление – Водици светиот крст се фрлаше на плажата “Грашница”, пред хотелот “Мизо”. Повеќе од 200 луѓе присуствуваа на овој настан и со чаша греана ракија и внимание го следеа фрлањето на крстот.


   
Околу триесетина Македонци, Албанци и Турци се нурнаа во студените води на езерото по крстот кој беше фрлен од брегот на далечина од дваесеттина метри. Среќниот “фаќач” на крстот Александар Н. беше даруван од сите присутни.


Присутните од муслимаска вероисповед им го честитаа на христијаните празникот со желби за добро здравје, среќа, бериќет и соживот. Заеднички наздравија со чашка ракија која несебично ја служеа вработените од хоелот “Мизо”.


“Воска” уште еднаш покажа дека е најубав пример на соживот на сите кои живеат во населбата, без разлика на вероисповед. Жителите на населбата се разделија после 2 часа со желби за повторно фрлање на крстот следната година.

Јонче Србиноски