Осуммина македонски државјани се уапсени од страна на полската полиција, откако Центалното истражно биро ги обвини за учество во организирана криминална група која се занимавала со производство на цигари во нелегална фабрика во Лоѓ, пренесува „Дојче веле“.

„Во две хали со површина од по околу 1.500 метри квадратни метри, полицијата нашла технолошка линија за производство на цигари на која работеле осуммина Македонци на возраст од 27 до 60 години. “ – изјавила портпаролката на полицијата во Лоѓ, Јоана Качка.
Покрај осуммината Македонци, уапсени се и тројца полски државјани, меѓу кои и шефот на нелегалната фабрика.
На обвинетите им се заканува казна од 5 години затвор, а на организаторот и шеф на нелегалната работа, до 10 години затвор.
OhridNews












