Во текот на вчерашниот дел, Охрид го посетија претставници на бугарското Здружение на семејства по потекло од Македонија. Тие остварија официјална средба со градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески.

При средбата, се разговоралао за продлабочување на врските со меѓу Македонците од Бугарија со нивните роднини во земјава.

Инаку, меѓу членовите на Здружението кои го посетија Охрид, беа правнуката на Григор Прличев, Олга, правнците на Кузман-Шапкарев  Марио Примджанов, Петар Мутафчиев и Елизабета Шапкарева, како и  поранешниот конзул во Битола, Наум Канчев.

OhridNews