Охриѓани жалат за поразот на Македонија од актуелнио европски првак Шпанија кој во полуфиналето на Европското првенство што се игра во Литванија ја совлада Макединија со 92:89, но се горди на своите репрезентативци кои пружија уште една фантастична игра, која сепак не беше доволна да се порази големиот фаворит. Избраниците на селекторот Докузоски мораа да го положат оружјето пред шпанската фурија која предводена од разиграниот Наваро (35п.) во средината на третата четвртина го скрши отпорот на Македонија и не дозволи изненадување до крајот на мечот.
Мечот во „Жалгирис Каунас“ арената го следеа околу 500 македонски фанови, а илјадници македонци излегоа на плоштадите и во кафулињата каде се следеше историскиот натпревар. Навивачка атмосфера владееше и во Охрид. Кафулињата беа преполни а жестоко се навиваше и на градскиопт плоштад каде мечот се следеше на големиот лед дисплеј. И покрај поразот охриѓани се оптимисти дека Македонија во недела ќе направи нов подвиг, овојпат во малото финале против Русија и ќе и донесе голема радост на нацијата.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.