Најголемата група доаѓа од Македонија. Вкупно 6.500 Македонци минатата година обезбедиле бугарско државјанство, што е неколкукратно зголемување споредено со 1.500 издадени државјанства во 2010 година.
Зголемување на барањата се регистрираат и од лица од Молдова, Украина, Србија и Албанија.
„Најголемиот дел од ‘новите Бугари’ не ни остануваат да уживаат во нивната нова земја, туку веднаш заминуваат во западна Европа“, велат од бТВ.
Во 2010, според официјалната статистика, беа доделени вкупно 14.828 бугарски државјанства.
извор: „Макфакс“