Храмовите на Македонската православна црква во Австралија беа претесни за верниците за Христовото Рождество. Како и секоја година така и оваа илјадници верници се упатија кон храмовите да го прослават заеднички Христовото Рождество. Иако беше рабоден ден православните верници во голем број ги имаше во храмовите, а особено се забележуваше присуството на младата генерација со нивните дечиња.


Најпосетени беа храмовите „Св Ѓорѓи“ од Мелбурн, „Св Кирил и Методија“ од Сиднеј, „Св Никола“ од Мелбурн и „Успение на Пресвета Богородица“ од Мелбурн.

Светата причест ја примија стотици млади деца и новороденчиња. Од храмовите веселбата по повод Христовото Раѓање продолжи во македонските општествени центри. За Нова година и Божиќ во Австралија, престојуваат повеќе музички групи и десетина естрадни уметници.

Ицо Најдовски Перин- Австралија