Синоќа во Мeдисон Сквер Гарден на 33 улица и 7 авенија на Менхетн се одигра кошаркаркскиот наптревар помеѓу домаќините Њујорк Никс и гостинскиот тим на Атланта Хоукс. Тимот на Атланта забележа уште една победа во гости со конечен резултат од 110-90.

Иако нашиот Перо Антиќ не играше на овој натпревар, тој оствари кратка средба со своите навивачи пред натпреварот и им порача да продолжат да го бодрат неговиот тим.

Перо е одлично примен од своите соиграчи и градот Атланта и како руки дава свој придонес за успехот на тимот. За време на тајм аут целокупниот тим и тренерот Бадехолзер беа фокусирани на победата која им ја донесоа првиот тим и резервите кои постигнаа дури 43 поени. На полувреме Перо Антиќ и Елтон Бранд се пошегуваа играјќи еден на еден.

Групата македонски навивачи броеше 50 тина членови кои ги развиорија македонските знамиња и во текот на целиот натпревар го сканидараа името Македонија, Перо Антиќ а и ја запеаја и задолжителната Излези момче…

Македонските иселеници во Њујорк и Њу Џерси се присутни најмалку 100 тина години наназад, но поголемиот број синоќа беа млади луѓе кои се доселиле во овој дел на Америка пред 10-20 години. Синоќа охриѓани рамо до рамо со битолчани, скопјани, прилепчани и струмичани и од многу други градови одлично ја претставија својата татковина и на многу илјадната публика им го покажаа вистинскиот начин како се бодри еден голем и талентиран играч.

Навивачите навистина беа горди на својот спортски херој кој на неколку наврати ги слушна нивните повици и со насмевка и поздрав им се заблагодари за подршката. Се чини феноменот Перо Антиќ ја зафаќа цела Америка и секаде каде што има наши иселеници, буквално на секое гостување Перо го бодрат наши сонародници. Така беше и вчера кога млад брачен пар на крај на натпреварот имаше среќа да добие автограм од Перо на македонското знаме.

 Тимот на Њујорк Никс како и обично беше подржуван од многуилјадна публика, на полувреме настапија и славните Rockettes, кои се подготвуваат за Божиќната сезона. Сепак на моменти единствените кои можеа јасно и гласно да се чујат во салата беа нашите сонародници.

Вечерта заврши со испраќање на автобусот на играчите каде нашите навивачи се сретнаа и со легандата на Атланта Хоукс – Доминик Вилкинс. Атланта повторно гостува во Њујорк кај Никс на 14 декември, а во Бруклин против тимот на Нетс ќе игра на 6 јануари, 2014.

Фотографија и текст:
Владимир Наумовски