Се известуваат сите државјани на Република Македонија кои времено или постојано престојуваат во Соединетите американски држави, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Сојузна Република Германија, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Франција, Велика Британија, Швајцарија, Италија, Австрија и Словенија дека во текот на 2013 година ќе можат да поднесат барање  за  добивање пасоши преку дипломатско – конзуларните преставништва на Република Македонија во горенаведените држави.

Согласно законската процедура, секој државјанин на Република Македонија, пред да поднесе барање до едно од надлежните дипломатко –конзуларно преставништва на Република Македонија во Мелбурн, Канбера. Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин, Бон, Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Берн, Лондон, Париз, Венеција, Виена и Љубљана, потребно е претходно да го најави својот интерес за добивање на пасош на телефон, или преку е-маил адреси кои се објавени на интернет страницата на министерството за надворешни работи.

OhridNews