Вредна награда освои познатата охридсака мејкап артистка Мери Бајрамовска на четвртиот „U&Z Influencer Awards“, што се одржа на 12 декември во „Ederra Rooftop“, во организација на специјализираниот магазин за жени „Убавина и здравје“.

Мери Бајрамовска позната како Makeup by Meri, го освои вредното признание „Makeup influencer Award“ за 2022 година.

Ова награда ми преставува голема чест и поттик за понатамошен успех бидеќи, не е доволна само моќта на дланките туку треба некој и да го препознае тоа. Би сакала оваа награда да ја посветам на мојата соѓраќанка Маја Миа која прерано замина од овој свет, а ми беше голема поддршка во моите почетоци. Се надевам дека е на подобро место. – изјави Мери Бајрамовска.

Мери веќе една деценија успешно чекори во светот на убавината и ги следи најголемите трендови, за што пишуваа и светски познати медиуми како „Дејли меил“ и други. Нејзината уметничка работа, која всушност и е хоби, на социјалните мрежи ја следат над сто илјади луѓе.

OhridNews