Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека С.Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон прифати дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно. За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор до утре на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат, пренесува Дојче Веле.

Двете страни сакаат до утре да размислуваат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, пишува Дојче Веле.

OhridNews
Извор: DW