Интересот мал и покрај големата промоција
-Не може да кажеме општо дека интерес во Охрид не постои, затоа што немаме информации од Банките, а смeтамe дека голем дел од оние кои што се заинтересирани за овој проект се јавуваат прво таму. Исто така граѓаните можеби се обраќаат и директно кај инвеститорите или градежниците кои градат станови во Охрид, велат трговците со недвижнини.
Тие сметаат дека една од причините поради која е мал интересот за овие субвенции е тоа што поголемиот дел од младите брачни парови низ Охрид се навработени или не се кредитноспособни, што исто така е еден од условите за аплицирање за овие поволни кредити.
Од Градежната компанија АДОРА Инженеринг од Скопје, која нуди станови преку проектот ,,Купи куќа, купи стан“, во Охрид велат дека граѓаните често се јавувале и барале информации за понудата на станови, но поради тоа што апликациите се доставуваат до банките, немаат прецизни податоци за бројот на овие купувачи.
– Нашата компанија од почетокот целосно го поддржува владиниот проект “Купи куќа, купи стан“, нудејќи на продажба преку него, дел од своите елитни станови во новиот објект во Охрид, кај Билјанини Извори, кој е изграден по најновите светски стандарди. Најголем удел во проектот “Купи куќа, купи стан“ има понудата на повеќе од 300 нови станови, кои наскоро ќе почнеме да ги градиме во Ново Лисиче, во модерната општина Аеродром во Скопје, сместени во пет нови станбено-деловни згради. Сите купувачи кои ќе склучат договор за купопродажба со нас можат да ја користат атрактивната цена од 900 евра за метар квадратен, на современ висококвалитетен стан, вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на АДОРА Инженеринг-Скопје.
Од охридските филијали на банките кои се вклучени во овој проект велат дека иако Охрид е голема општина, мал е бројот на клиенти кои до сега аплицирале.
–Доаѓаат се распрашувата за условите кои ги нуди проектот “Купи куќа, купи стан“, претежно се работи за млади брачни парови. Голем е бројот на оние кои земаат апликации за пополнување, но мал е бројот на оние кои подоцна ги подеснуваат. Поради централизирање на инфромациите од јавен карактер, не можеме да соопштиме точна бројка на поднесени апликации во Охридскиот регион, велат одговорните за кредитните линии.
Крајниот рок за поднесување апликации до банките за проектот „Купи куѓа купи стан“ истекува на 31 мај.