Приватен авион со германски национални ознаки исчезнал од радарите на контролата на летање на аеродромот „Александар Велики“, околу 17.40 часот. Веднаш била алармирана полицијата, која започнала итна потрага. Неофицијално во авионот имало 6 патници и членови на екипажот. Засега оваа информација не е потврдена.

Леталото исчезнало на околу 10 километри од скопскиот аеродром.

Како што јави „Телма“, повеќе жители на скопското село Кожле пријавиле дека слушнале силен удар и виделе оган и чад на падините јужно од Скопје. Низ тој дел преку Катланово и Блаце минува рутата за слетување на скопскиот аеродром. На ова место во 2008 година се случи хеликоптерска несреќа во која загинаа 11 македонски војници. Како можна причина за несреќата се посочува лошото време.

Авионот полетал од Тревизо, Италија и бил уредно најавен дека ќе точи гориво во Скопје.

OhridNews