Корпулетниот кошаркар на МЗТ Скопје, Тодор Гечевски е избран за најкорисен кошаркар во 20-та рунда од регионалната Јадранска лига. Одлуката да биде Гечевски МВП на колот ќе биде мала утеха за него бидејќи “штрковите“ претрпеа пораз од Унион Олимпија пред своите гледачи.

Гечевски за наградата најдобар кошаркар постигна 26 поени, а додаде уште седум скока и три украдени топки. Но и ваквите бројки зад 37 годишниот кошаркар не беа доволни за поволен резултат против словенците.

Мх.П.