Откако Малага сезоната во шпанското фудбалско првенство ја заврши на четвртото место, амбициозното раководство на клубот од Андалузија, започна да ги прави списокот на можни засилувања.


Први на листата на желби се напаѓачите Един Џеко, Робињо и Антонио Касано. Според шпанските медиуми катарските сопственици на Малага за Џеко се подготвени да издвојат 25 милиони евра, а за тандемот од Милан, Робињо-Касано 30 милиони евра.

Интересно, Робињо и Касано покрај во Милан, заедно играа и во Реал Мадрид, па Малага би можела да биде третиот клуб каде би ја делеле соблекувалната.

Малага сезоната во Шпанија ја заврши на четвртото место со што се избори за настап во квалификациите во Лигата на шампиони.

ПСЖ го сака Лавеци

Францускиот вицепрвак, Пари Сен Жермен, на Наполи му понудил сума од 26 милиони евра за трансфер на аргентинскиот напаѓач, Езикел Лавеци, пренесува „Газета дело спорт“.


Според пишувањето на весникот, катарските сопственици на ПСЖ, на Лавеци ќе му понудат годишна плата од 4,5 милиони евра, луксузен стан во центарот на Париз, автомобил и бесплатни авионски билети за Аргентина, секогаш кога ќе посака да ја замине во татковината.

Лавеци во Наполи пристигна во 2007 година од екипата на Сан Лоренцо. Во неговиот договор со Наполи постои клаузула за откуп на договорот која изнесува 30,8 милиони евра.