Барселона одличната сезона ја продолжи со триумф над Малага 3-0. Избраниците на Тито Виланова на 19-от натпревар сезонава ја забележаа 18-та победа и станаа апсолутни прваци по првата етапа од Ла Лига. Но, на мечот со Малага фудбалерите на Барселона уште еднаш ја демонстрираа својата “тик так“ магија во додавањата, а на домаќините не им преостануваше ништо друго освен да трчаат по топката.

Мх.П.