Еден е од четворицата македонски спортисти што настапиле на три олимпијади, девет пати е прогласуван за спортист на Македонија, и поставил преку 40 рекорди во пливање. Охриѓанецот Александар Маленко во пресрет на Олимписките игри во Лондон, им посакува многу среќа на актуелните олимпијци, но смета дека немањето на стратегија, план и програма за развој на врвни спортисти ги сведе олимписките преставници на ова ниско ниво.

–    Учеството на Олимпијада е огромна чест но и одговорност. Задоволство е да се биде во еден 12 годишен циклус претворен во три Олимпијади. 1996 во Атланта, 2000 во Сиднеј и 2004 во Атина, покрај мене по три настапи имаат уште Шабан Трстена, Шабан Сејдиу и Лазар Поповски, актуелен директор на Агенција за Млади и Спорт – открива Маленко.

ON : Присуствувате само на две од трите отварања на Олимписките игри, зошто ?

– Бев присутен на две отварања, додека во Атина 2004 не, тоа беше повеќе за да разбијам еден малер. Настапот на игрите во 2004 година за мене беше едно воскреснување кое на жалост после само една година згасна, од разноразни манипулации со вложувањата во спортот. Тогаш бев 12 на Олимпијадата од 194 учесника, тој настап беше многу емотивен за мене, тогаш се актуелизираше проблемот со името, и тоа предводено од тогашниот градоначалник на Атина,  Дора Бакојани. Ним воопшто не им се допаѓаше меѓу тие 16 да го видат и македонското знаме. На преност на спортскиот канал Еуроспорт , мораше да го дадат моето име и презиме Александар Маленско – Мкд, тој настап за мене е на исто рамниште со постанувањето на светски младински првак во Гетеборг `97 година и кога бев прогласен за најдобар спортист на Балканот на балканските денови во Софија – вели Маленко.

ON : На изминатите Олимписки игри настапувавме со постигнати норми, што на оваа Олимпијада тоа не е случај.

– Ако зборуваме дека сме млада држава тогаш ние имаме проблем, ние имаме 5 олимписки циклуси, зад нас како Македонија, а да не зборувам за настапите во поранешната федерација. Ние сме истите тие, сега не сме нешто различни ,  јас бев 19 на Олимпијадата во 1996, Трстена беше 5- ти, а сега 16 години подоцна не можеме да пратиме еден спортист со остварена норма. Дисконтинуитетот настана откако сите федерации со свои финасиски средства мораа да ги превземат репрезентативците, ние бевме приморани сами да бараме спонзори кои ќе ги покриваат нашите трошоци за подготвки. Но мора да расчистиме самите со собе, да составиме план програма и организација, во самите матични федерации, да се предлагаат со права но и одговорности пред самата држава, пред влада, се додека не поставиме такви правила на игра не може да очекуваме постигнување  на резултати за Олимписките норми. Посакувам овие 4 олимпијци да станат олимписки прваци, но мораме да сме свесни пред вистината, и  мораме да сме реални, не е ова плејстејш па ајде ке ги направиме нив да се први –отворено зборува Маленко.

ON : Рекордите на Маленко се сеуште актуелни.

–    Кога зборуваме за Александар Маленко, колку и да не го сакаме, има 39 рекорди во Македонија, 94 рекорди во младинска, кадетска и пионерска конкуренција, прогласен е два пати за спортист на Балканот, 9 години спортист на Македонија, заслужен граѓанин на град Охрид, и град Скопје, прогласен 1999 година за заслужен спортист од тогашниот претседател Борис Трајковски и 2005 година прогласен за заслужен граѓанин на Македонија од претседателот Бранко Црвенкоски. Јас молам бога да се роди нов Маленко за сите овие успеси да ги повтори, но во условите во кои моментално живееме и твориме без јасна стратегија, план и програма само ќе каскаме зад останатите. Не гледам како ќе ги повториме тие постигнувања, ако ние немаме стратегија за врвен спорт. Не сакам да бидам 10 пати учесник на Олимпијада, а да не изборам пласман во полуфинале.- истакна Маленко.

ON : Кошаркарите и ракометарите поставија вискоки очекувања од македонската публика и јавност.

–    Ете лани гледавме и се радувавме на победите на македонската кошаркаска репрезентација, јас со кошаркарите често разговарав, и во овој циклус се осети една доза на недоверба, на недосток на мотивација, септември ги пречекавме како херои а потоа до јуни “не немаше“ , и ајде обавезно ќе одиме на ОИ, сметам дека не добија адекватен третман, од аспект на федерација и на држава. Исто така и ракометарите, кои  беа 5  постигнаа голем успех. Тие два успеси ги зголемуват апетите и на гледачите и на јавност. Но од друга страна морам да забележам како во изминатата недела се правеше фама околу мечот Вардар – БАТЕ Борисов, кој е само меч од второто квалификациско коло од Лигата на Шампиони. Во 90 години имаве тенис, бокс, и со многу мали средства ке ја подржевме програмата за развој на тие мали спортови. Од 2000 годинава многу се затворивем што дури сега го плаќаме цехот. Богданов беше трет на младинско првенство, а сега не може да обезбеди Б норма за пласман на Олимпијадата – вели Маленко кој ја носеше МКД ознаката на својата глава на ОИ во Атланта.

ON: Своите успеси му ги “должите“ на доајенот на охридското пливање Леко Радиќ.

-Чичко Леко, сега е прадедо, не го гледам секојдневно, но жал мие што сите тие луѓе што му дале многу на споротот, се така оставени сами на себе. Чичко Леко ме откри, тој ме створи, под негова палка бев пионерски првак на Југославија, па младински првак 91 година во Сплит, за него можам да кажам дека тој е главен виновник што сум бил 18 години во пливањето. Исто така главнта улога ја одиграа и моите родители кои не себично издовјувале од себе за да бидам јас она што успеав да го направам, тие биле жртви за мене во целост. Чичко Леко и фамилијата , сите сте ме прателе, сум напраавил повеќе добро него лошо. Она што навистина ми е жал во моментов што немаме таков расадник, жалосно е што Охрид матица на водени спортови да нема центар за спортови на вода –завршува Маленко.

Од ланската година Александар Маленко кој е седумкратен победник на “Илинденскиот куп“ воведе посебна награда за најдобрите пливачи на купот, награда која како што вели тој ќе ја доделува додека е жив.

М.Постоловски