Ракометарите на Охрид во рамки на десеттото коло од Супер лигата гостуваат во Скопје кај екипата на Бутел.
Згуснатиот распоред во месец ноември го започнуваме со гостување кај Бутел, кој е доста незгоден противник, особено на домашен терен. Одиме максимално фокусирани и со добра одбрана верувам дека ќе извојуваме победа, изјави ракометарот Иван Тасески.
Натпреварот ќе се одигра во среда, 5 ноември, во салата „Антон Димитров“ со почеток во 18 часот.
OhridNews












