Центарот за управување со кризи во Охрид известува дека не е прооден патот кон селата во областа Малесија  -општина Струга. Отсечени од светот се и повеќе повисоки села во Македонски Брод. 

Проблеми во одвивањето на сообраќајот има и во дебарско. Најголема опасност претставуваат одроните на патните правци Дебар – Маврови Анови и Дебар – Струга, кои како што информират од Центарот за управување со кризи во Охрид, редовно се чистат.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денес ќе има нови врнежи од снег, особено во јужните и источните подрачја. Пообилни врнежи од снег во поголемиот дел од земјата се очекуваат во сабота. Поради ниските температури на места ќе има појава на голомразица.

OhridNews