Синоќа oхридскиот Паганини, 12-годишниот Даниел Мојсоски имаше ретка можност во своите раце да ја држи магичната виолина со црвен рубин од познатиот виолинист Роби Лакатош кој настапи со голем концерт на 53 роденден на Охридско лето.
Даниел Мојсоски е ученик во Основното музичко училиште „Методи Патче“ Охрид 5-та година во класата на професор Елица. Жарот во очите на Даниел беше забележан од маестро Роби Лакатош и доби дозвола да отсвири нешто на неговата виолина. „Malka tokata“ од Hristoskov беше изборот на малиот виолинист, одеднаш се стана магично целата гардероба се исполни со прекрасни звуци кои им го привлекоја вниманието на членовите на оркестарот како и музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска. Награден со громогласен аплаус видно возбуден малиот Даниел овој момент ќе го памети засекогаш.
На Даниел му посакуваме блескава кариера и светска слава.