Малиот херој Бредли Ловери кој ја загуби битката со ракот и почина беше испратен со сите навивачки почести од Сандерленд во вечноста.

Екс капитенот Џермејн Дефо кој беше негов најголем пријател, менаџерот Дејвид Мојс и други фудбалери присуствуваа на погребот кој го крена на нозе целиот град.

Шестгодишниот Бредлиг беше голем вљубеник во фудбалот, го симпатизираше тимот на Сандерленд и беше заштитен знак на Премиер лигата која најверојатно ќе донесе одлука првите мечеви од сезоната да започнат со минута молк.

OhridNews