Околу 70 – тина пливачи го брануваа Охридското Езеро по 31 пат за големиот национален празник Илинден. Прекрасно беше чувството да се биде дел од манифестацијата на езерската шир каде бројните кајчиња ги потсетија охриѓани и туристите дека има манифестации на кои може да се гордеат.
На целта на градското пристаништето лебдеше неизвесноста но и желбата да се биде подобар и побрз од својот противник, а пристигнувањето на секој натпреварувач беше проследено со аплаузи од сите страни.
Сепак само еден можеше да биде најдобар и да се запише во победничката книга. Оваа година тоа беше Марко Блажески во машка , а Симона Маринова во женска конкуренција.
Честа на охриѓани ја спасуваше 45 годишниот Влатко Јолакоски кој во последен момент се пријави за Илинденскиот куп.
Најдобри во категоријата под 16 години беа Александар Дамчески во машка и Ели Секуловска во женска конкуренција.
Најдобри “под 16“ – Секуловска, Иванова и Барамачева
Најдобри во машка конкуреција под 16 – Јанкуловски, Дамчески и Стефаноски
Најдобри во женска конкуренција – Блажевска, Маринова и Богоева
Најдобри кај машките – Илиевски, Блажески и Чепишевски
Победниците за 2010 – Маринова и Блажески
Техничкиот организатор ПК “Охридски Бранови 2008“ му се заблагодари на Советот на општина Охрид за покровителството на Илинденскиот Куп.
Благодарницата ја прими претседателот на советот – Душко Јаковчески
Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар сите ја знаеме големината на Вардар, но ние работиме, анализираме, се подготвуваме, вели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески Се надевам на уште еден пози...
Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч ...
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.