Импичмент против Доналд Трамп веројанто нема да се случи, тврдат американските медиуми, иако од вторникот во Сенатот се води дебата за отповикувањето на поранешниот американски претседател под обвинението за поттикнување на масата да предизвика насилство и упад во зградата на Конгресот, на 6 јануари.
Малку е веројатно. Иако многу републиканци остро го критикуваа Трамп, кој им порача на приврзаниците да се борат како лавови и да одат во Капитол, нивната критика во меѓувреме опадна. Дека има некакво поместување сведочи и гласањето од 26 јануари, кога само пет републикански сенатори гласаа против предлогот да не се става прашањето за отповикување на разгледување, се наведува во текстот на агенцијата АП.

OhridNews











