Претставата „Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, која охриѓани имаа можност премиерно да ја проследат од 9 до 14 октомври, викендов повторно е на репертоарот на Народниот театар. Претставите ќе се прикажуваат на  20-ти и 21-ви октомври , со почеток во 19.00 часот.

Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Петар Мирчевски, Горан Стојановски, Јасмина Билаловиќ, Јулијана Стефанова, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ , Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски.

Цената на влезниците за претставата  е 250 денари и можат да се набават на билетарата на Центарот за култура. Претставата може да ја следат само лица на возраст над 14 години. Се игра пред 24 гледачи , кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза .

OhridNews