
Акцијата имаше и превентивен карактер, а целта беше елиминирање на можностите за кражби и други казнени дела како и прекршоци и нарушувања на јавниот ред и мир.
Активностите на полициските службеници, беа спроведувани во соработка со Центарот за социјални грижи, при што на подрачјето на Охрид, по овие основи беа контролирани повеќе станоиздавачи. Притоа, затекнати се вкупно 35 лица кои подолго време, во Охрид,вршеле питачење на повеке локации, претежно во централното градско подрачје. Исто така, констатирано е и едно кривично дело „Вонбрачен живот со малолетно лице„.Од страна на службата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Затекнатите лица, со обезбеден превоз од Центарот за социјални грижи безбедно се транспортирани од Охрид до нивните места на живеење.
Заради целосна безбедност на граѓаните на Охрид и туристите, СВР Охрид и понатака, ќе продолжи со примена на овие, но и на сите други законски овластувања.











