На 20-ти овој месец, околу 21 часот и 20 минути, во моментот на вршење на  кривично дело „Тешка кражба„ фатени се и во СВР Охрид повикани се две малолетни лица на 12 и 14 годишна возраст, двајцата од Охрид како и А.Т.(17)  од Македонски Брод. Истите, со камен, го скршиле стаклото од киоск-сендвичарата лоцирана во кругот на средното училиште за туризам и угостителство „Ванчо Питошески„ во Охрид.

Со малолетните лица, во СВР Охрид, во присуство на нивните родители и адвокат за малолетници, обавен е разговор за околностите на стореното кривично дело „Тешка кражба„ Во разговорот со нив, присуствуваше и воспитувач од домот за сместување во средното  училиште, со оглед дека А.Т. од Македонски Брод бил  сместен во домот.

Во контекст на целосно документирање на овој настан, извршено е фотографирање на местото каде е извршена тешката кражба, а во близина пронајдени се дел од колонијалните производи од  киоск-сендвичарата.

Против малолетниците од Охрид, ученици во Основните училишта „Кочо Рацин„ односно „Братство и единство„ и А.Т. од Македонски Брод, ученик во угостителското училиште „Ванчо Питошески„ , СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

OhridNews