
Движејќи се на автопатот, во моментот кога дошол до надвозникот кај селото Брвеница, врз автобусот бил фрлен камен од кој настрадало само едно стакло од прозорците на автобусот, а нема повредени.
Случајот бил пријавен во Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово, каде што работат на негово доосветлување.
Информацијата денеска ја потврди и директорот на АД “Галеб”, Љупчо Василески. ” Сметам дека се работи за инцидент. Ова првпат се случува на оваа релација“, изјави Василески кој рече дека вакви инциденти во кои страдаат автобусите на “Галеб” се најчести во Лесковац, Р.Србија.
Од МВР информираат дека од надвозникот на автопатот Тетово -Гостивар се регистрирани повеќе случаи на каменување на возила и дека се работи за сторители кои се малолетни лица.
Александра Ристоска












