Во текот на минатата година од вкупно 14.540 расветлени кривични дела, 2.136  се извршени од малолетници.    Од пријавени 3.415 малолетни сторители, дури 2.974 или 87,1% се јавуваат како извршители на повеќе кривични дела. Дваесет отсто од маолетните деликвенти се на возраст до 14 години.
 
На подрачје на СВР Охрид, од регистрираните 161 кривично дело, најмногу се извршени на подрачјето на Охрид – 68, потоа следи Струга – 30, Кичево – 56 и Дебар – седум. На ова подрачје кривично пријавени се вкупно 204 малолетници од нив 23 деца. Во овој регион малолетниците извршиле по едно кривично дело “недозволена трговија со оружје“ во Охрид, Дебар и Кичево, две дела “недозволена трговија со дрога“ во Охрид и Струга и едно дело “овозможување на употреба на дрога“ во Охрид. Малолетниците од областа на организираниот криминалитет извршиле три кривични дела и тоа едно во Охрид и две во Струга, а се работи за кривични дела – “фалсификување пари“. Останатите кривични дела се од класичниот криминал, најмногубројни се “тешките кражби“, а од потешките кривични дела малолетниците извршиле пет дела – “тешка телесна повреда“, по две во Охрид и Струга и едно во Кичево.

OhridNews