Во СВР Охрид, вчера, од страна на 34-годишна жена било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице врз нејзиниот девет годишен син.
- Според пријавеното, физичкиот напад се случил на 30-ти јуни, околу 19 часот на спортско игралиште во охридското село Горно Лакочереј, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
OhridNews












