Македонските репрезентативци прв пат во третата рунда со наведнати глави ја напуштија салата во Мец по поразот од Словенија во дербито од Б групата.
– Не ни одеше ништо од рака, а и не прочитаа. Ние мечот како што кажа и капитенот Лазаров го изгубивме во првите 15-тина минути кога и дозволивме на Словенија лесни и брзи голови. Словенците ја казнуваа секоја наша грешка и промашување и заслужено славеа на денешниот натпревар. – рече после мечот Дејан Манасков.
„Црвено жолтите“ ќе имаат ден одмор, а потоа во два дена ќе одиграат два мечеви, и тоа против Шпанија и Исланд.
– Сеедно е како и колку ќе изгубиме, бидејќи пораз си е пораз во ваков тип на натпреварување. Мислам дека подобро што изгубивме со поголема разлика малку да се освестиме и спуштиме на земја. Ова ни се случува трет пат лошо да отвориме натпревар, а потоа со голема доза на нервоза да го продолжиме натпреварот. Малку не фати и еуфорија онаа за нас препознатлива, но сигурен сум дека можеме повеќе од ова. Против Шпанија и Исланд ќе дадеме максимум, бидејќи само така можеме да се надеваме на нешто повеќе. – истакна капитенот Лазаров.
СП: Словенија за класа подобра од Македонија
OhridNews